Откако излезе од Белата куќа, претседателот Доналд Трамп пред новинарите изјави дека е „голема чест“ да служи како 45-ти претседател на САД.
Тој рече дека тоа е „чест на целиот живот“ и дека само сака да помине и да се збогува.
Тој додаде дека се надева оти нема да биде долго збогум, објави Џереми Дајмонд од Си-Ен-Ен.
„Се чинеше дека Претседателот се обидуваше да го прифати ова и да каже едно последно збогум тука“, рече Дајмонд.
