По известувањето на ТВ21, расчистен отпадот во Сарај – Весели: Наскоро ќе се постават безбедносни камери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред два дена овде имаше отпад на влезот кај езеро Треска во Сарај.
По известувањето на ТВ21 преку емисијата „Јави се на ТВ21“, Комунална хигиена на Сарај излезе на терен да го исчисти отпадот.

По пријава од граѓаните во врска со отпадот фрлен на влезот кај езерото Треска во Сарај и известувањето во емисијата Повикај ја ТВ21, како што се гледа преземена е акција.

За време на чистењето, присутен беше и в.д. градоначалникот на Сарај, Иљас Весели кој за ТВ21 изјави дека очекуваат од жителите на овој регион да помогнат во зачувувањето на животната средина, испраќајќи фотографии во општината во случај да видат некого како фрла отпад.

-Секој кој има сознанија или гледа автомобили или камиони кои се натоварени и фрлаат ѓубре, добро би било да ни испрати барем фотографија или кратко видео за да го обработиме понатаму, да преземеме мерки во рамките на нашите надлежности и законот, изјави Иљас Весели, в.д. градоначалник на Сарај.

Освен тоа, Весели најави дека наскоро на овој простор ќе се постават безбедносни камери и потоа ќе бидат казнети лицата што ќе фрлаат отпад.