350 илјади евра во ѕид – мајката на обвинетиот судија Ристов тврди: Беа наши заштеди, ги чував за тешки денови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Донка Ристова, мајката на судијата на Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов, на суд изјави дека 350-те илјади евра пронајдени во ѕидот на семејната куќа во Неготино биле нејзини пари и пари на нејзиниот сопруг. Таа рече дека заштедите ги собирале со години од продажба на земјоделски производи и ги чувале за старост и за тешки денови.

Ристова сведочеше дека парите ги сокрила во ѕид уште од 1975 година, така што ги виткала во фолија и ги ставала меѓу тули. Според неа, 250 илјади евра биле во банкноти од 50 евра, додека остатокот бил во апоени од 200 и 500 евра.

Таа рече дека нејзините синови немале сознанија за парите и дека не ги чувале во банка, бидејќи немале доверба во финансиските институции. И нејзиниот сопруг, Здравко Ристов, потврдил дека парите биле нивни.

Обвинителството ги прашало двајцата за форензичкото вештачење, бидејќи на фолиите во кои биле чувани парите била пронајдена ДНК на Ѓоко Ристов, но не и на неговите родители. Двајцата рекле дека не веруваат во овој наод.

Ѓоко Ристов е обвинет и му се суди за прикривање имот и перење пари.