По корона вирусот во Македонија – 74% од граѓаните помалку во кафулиња и ресторани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гугл преку мобилните телефони направи анализа каде граѓаните најмногу се движеле за време на карантинот во последниве четириесет дена. Всушност кои места ги посетувале пред и по прогласувањето на пандемија со Ковид-19 заразната болест.

Граѓаните за 74 отсто помалку присутни во кафаните, рестораните, кафулињата. 69 отсто луѓето се помалку присутни во јавниот превоз, 51% на работните места, а пораст има само присуството дома – 18 %.

„Продавници и рекреација“, каде по здравствената криза се забележува пад од 74% во движењето на луѓето. Оваа категорија опфаќа ресторани, кафе-барови, трговски центри, музеи, библиотеки или кино сали.

На второ место по падот се „Транзитните станици“ со 69% намалување во движењето на граѓаните на овие места. Во оваа категорија спаѓа јавниот превоз, автобуските или железничките станици.

Поради владините мерки и препораки, големо намалување има и во податоците за одење на работните места. Таму Гугл забележал 51% намалување на движење на македонските граѓани околу нивните работни места.

44% пад има во посета на паркови, а најмал пад од 41% има во категоријата која лоцира продавници за храна и аптеки.

Логично, единствената категорија која има раст по здравствената криза со коронавирусот е категоријата „станбени објекти“, каде се забележува пораст од 18% во споредба со ситуацијата пред рестриктивните мерки.

Гугл објави податоци за 131 држави и региони, со цел да се прикаже како различните мерки во државите  влијаат на тоа како луѓето се движат во периодот на пандемијата.