По објавата на ТВ21: Ќе се исправат грешките во натписите на донираните автобуси

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По објавата на ТВ21 дека во донираните автобуси има грешки во правописот на македонски и на албански јазик, се јавија и од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Од таму велат дека грешките ќе бидат исправени.

„Новите автобуси со компримиран природен гас, кои денеска преку УНОПС беа испорачани на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во Скопје, а се донација од Европската Унија преку проектот „ЕУ за чист воздух“, пристигнаа во Северна Македонија со ориентациони налепници на македонски, албански и англиски јазик од странскиот инвеститор, а на нив се забележани правописни грешки на  албански и македонски јазик.

Грешките се веднаш воочени и изготвени се нови налепници од страна на УНОПС,  кои ќе бидат заменети пред пуштањето во употреба на шестте еколошки автобуси, наменети за подобрувањето на квалитетот на воздухот во градот Скопје“, велат од таму.