По објавената згрешена марка „Македонски пошти“ се извинија за грешката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска на Денот на Европа и Денот над победата над фашизмот – 9 мај, во оптег беа пуштени згрешени поштенски марки со отпечатена карта на „Голема Хрватска“.

Од АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје преку соопштение се извинуваат за ненамерната грешка и техничките пропусти при објавување на прилагодената поштенска марка од серијата „Северна Македонија во ЕУ“ чија цел е одбележувањето на претседавањето на Република Хрватска во ЕУ.

Од таму велат дека на поштенската марка е претставена погрешна карта на Република Хрватска и другите земји од регионот и поради тоа марката веднаш се повлекува од употреба што подразбира понуштување на целокупниот издаден тираж од 6000 примероци.

„АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје изразува жалење за ненамерната грешка, особено што, издавањето на серијата поштенски марки „Северна Македонија во ЕУ“ се поклопува со 9 Мај, Денот на Европа. Наша цел беше со оваа поштенска марка да изразиме благодарност до Хрватското претседателсво со ЕУ за помошта и поддршката која Република Хрватска и ја дава на нашата Држава“, се додава во соопштението.