По отворањето на границите – нема карантини и тестови за државјаните на соседните земји

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За државјаните од соседните земји кои по отворањето на границите ќе сакаат да влезат во нашата земја, нема да заминуваат во 14-дневен карантин и нема да мора да поседуваат негативен тест за Ковид 19.

Ваков предлог дале експертите од Комисијата за заразни болести . Директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери во гостувањето во емисијата 10 минути изјави дека е време во координација со соседите да ги отвориме граничните премини, додавајќи дека на граница ќе треба да приложат ПЦР тест само патниците кои доаѓаат од земјите-членки на ЕУ.

Новинар: „Кога ќе се отворат границите, зборуваме за земјите соседи. Значи, ако се отворат на 1 јуни нема да има изолација?“
„Не, нема да има изолација или карантин за оние кои доаѓаат од Албанија или од некоја друга соседна земја. Луѓето кои доаѓаат од земјите на ЕУ останува да видиме како ќе се одвива состојбата понатаму. Во моментов, за граѓаните кои доаѓаат од европските земји и кои сакаат да влезат во РСМ, е потребен тест не постар од 72 часа и тие луѓе нема да одат во државен карантин, туку во самоизолација“, истакна Арбен ЗИбери.

Комисијата за заразни болести воедно предложила, доколку се отвораат границите, тогаш да нема полициски час. Според Зибери, нелогично е да има ограничување на движењето на граѓаните, а да има отворени граници.

„Предлогот на комисијата е – во моментот кога ќе ги отвориме границите да се укине полицискиот час, бидејќи нема логика, оти ќе дозволиме слободно патување на граѓаните. Полицискиот час не е поврзан со вонредната состојба“, посочи Арбен Зибери.

Инаку, албанскиот премиер, Еди Рама, најави дека Албанија ќе ги отвори граничните премини за соседите од 1 јуни, а исто ќе постапи и Црна Гора. Јужниот сосед, Грција се очекува да ги отвори границите на 15 јуни, а исто размислува и Косово. Србија веќе ги отвори вратите за Македонија и за влез не бара ниту тест, ниту карантин. Копнените граници се затворија на 16 март, поради мерките кои беа преземени за спречување на коронавирусот.