Покрај Горан Пандев, натпреварот со Холандија беше последен и за селекторот Игор Ангеловски, како и за Иван Тричковски и Крсте Велкоски.
Тричковски, кој е еден од поискусните репрезентативци, за националниот тим одигра 64 натпревари и постина 7 голови. Тој во моментов е дел од АЕК Ларнака, и долго време е во овој тим, а во минатото играше за Црвена Звезда, Бриж, Легија, АПОЕЛ…
Покрај него, со репрзентацијата заврши и фудбалерот на Сараево, Крсте Велкоски. Велкоски одигра 15 натпревари за репрезентацијата, а не доби шанса да игра на ова Европско првенство.
