Поради дождот, црните води од канализацијата во населбата 166 излегоа на површина. Жителите велат дека секогаш кога има дожд, тие не можат да ги напуштат своите домови, бидејќи стравуваат да не добијат некаква заразна болест од мирисот на канализацијата и ширењето на црните води.
Од Јавно комунално претпријатие велат дека се информирани за овој случај, но нивните екипи работат во неколку други населби и за еден ден ќе го мијат и овој пат.
Лошиот канализациски систем во градот Тетово секогаш кога врне дожд на површина излегуваат црните води. За жал, дел од градот Тетово сè уште е без канализација.
