Деновиве на социјалните мрежи се шират фотографии направени од туристи на Нијагарините водопади.
Во делови од Северна Америка, температурите моментално се рекордно ниски, а Нијагарините водопади се речиси замрзнати. Оваа глетка воодушеви многу посетители кои ја нарекуваат зимска бајка.
„После снежна бура ова е чудо“, „Природата е навистина интересна“, „Облечете се добро ако сакате да ги посетите Нијагарините водопади. Но, дефинитивно вреди“, „Ова е прекрасно“, навраќаат коментарите на Твитер.
По Нијагарините водопади секоја секунда течат неверојатни 3.160 тони вода, што значи дека целосното замрзнување е невозможно. Наместо тоа, површинските води и маглата често замрзнуваат, пишува New York Post.
AFTER A BLIZZARD, NIAGARA FALLS IS OFFICIALLY A WINTER WONDERLAND ❄️💙 pic.twitter.com/1Jjc2xykuL
— Niagara Action (@NiagaraAction) December 28, 2022
Ниски температури
За потсетување, илјадници жители на западниот дел на американската сојузна држава Њујорк ископаа 1,2 метри длабок снег, кој падна за време на божиќната снежна бура и покрај тоа што Националната метеоролошка служба предвиде само дополнителни пет сантиметри снег.
Екстремните временски услови за време на викендот ја спуштија температурата под нулата, а најлоша беше ситуацијата во Бафало, кој е на околу 40 километри од Нијагарините водопади.
Нијагарините водопади се серија од масивни водопади лоцирани на реката Нијагара во источниот дел на Северна Америка, на границата на Соединетите Американски Држави и Канада. Тие се всушност три посебни водопади, не особено високи, но затоа многу широки.
