По земјотресите, поплави се закануваат на погодените подрачја во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според Дирекцијата за цивилна заштита, прогласени се вонредни мерки за поплавување од водотеците Сава и Купа. Санацијата на насипот е во тек, а во некои области се гради и втора линија за одбрана од поплави

Дирекцијата за цивилна заштита во петокот на официјалниот Твитер предупреди дека на подрачјата погодени од земјотресот им се заканува поплавување. Водостојот на реките Купа и Сава се зголемува, а насипите се оштетени. 

Како што известуваат, прогласени се вонредни мерки за поплавување за водотеците Сава и Купа. Во тек е санација на насипот, а во некои области се гради и втора линија за одбрана од поплави. 

Последните два дена, водостојот на Купа се зголемува, додека Сава стагнира.