Победата во Тетово и дава крилја на опозицијата – Касами и Ѓорчев бараат предвремени парламентарни избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Победата во Тетово и даде крилја на опозицијата, односно на Беса и ВМРО-ДПМНЕ за да бараат предвремени парламентарни избори. Лидерот на Беса, Биљал Касами рече дека ДУИ веќе го  нема легитимитетот на Албанците.

„За краток период ние два пати ја победивме ДУИ, сигурно дека легитимноста на Албанците од Северна Македонија  овде од Тетово, покажува дека не е веќе со ДУИ, затоа ние уште еднаш од плоштадот во Тетово бараме предвремени парламентарни избори за волјата на Албанците од Струга до Куманово и конечно Албанците во Северна Македонија да имаат достоинствени претставници и во централната власт така како што има во Тетово“, вели Биљал Касами.

Осврнувајќи се на резултатите од гласањето за Совет во Тетово, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се во предност пред СДСМ со 2-1.

Предвремени избори, опозициските партии бараа неколку пати, но одговорот од партиите на власт, ДУИ и СДСМ беше дека ќе има избори но редовни во 2024.