Почекајте, доаѓа претседателот! – Постарите лица со часови чекаат за вакцинација , функционерите вакцинирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е пунктот за вакцинација во Куманово. Часот е 13 и 55 минути. Во секој момент се очекува да пристигне Претседателот Стево Пендаровски за да ја прими вакцината. Пред да пристигне, имаше граѓани кои со часови чекаа ред.

Претседателот пристигна точно во 14 часот, по што веднаш почнаа да ги повикуваат граѓаните кои чекаа ред.

Претседателот ја одмина колоната и се проби прв. Откако ја прими вакцината, на прашањето на ТВ21 – дали би бил подобар пример ако причекаше ред како и останатите, одговори:

Шефот на државата рече дека одбрал да се вакцинира токму во Куманово за да испрати порака дека сите вакцини се проверени и безбедни.
И вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, денеска го помина процесот на имунизација, но во Скопје. Запрашан – кога ќе почне вакцинацијата на новинарите кои од почетокот на пандемијата беа во првите борбени редови, известувајќи за состојбата на терен одговори:

Пред две недели стартуваше масовната вакцинација во кинеската вакцина, но новинарите сѐ уште не се повикани, со исклучок на оние над 45 годишна возраст.