Почина актерот Џон Дејвид Ештон

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Актерот Џон Дејвид Ештон, најпознат по улогата во хит-серијата „Полицаец од Беверли Хилс“, почина на 76-годишна возраст.

– Ештон почина мирно, во четвртокот, по битката со ракот – изјавил портпаролот на актерот.

За време на кариерата која траеше повеќе од 50 години, Ештон одигра преку 200 филмски и телевизиски улоги, но стана познат во светот благодарение на „Полицаецот од Беверли Хилс“ во кој главната улога ја имаше Еди Марфи.

Ештон го глумеше детективот Џон Тагерт, чиј партнер бил Били Роузвуд, а по доаѓањето на Аксел Фоли (Еди Марфи), често се судрил со него, а потоа се здружувал и поради него влегувал во неволја.

Актерот се појави во сите три филмови „Полицаецот од Беверли Хилс“, вклучувајќи го и последниот, кој се емитуваше на Нетфликс оваа година.