Почина актерот Доналд Сатерленд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По долго боледување на 88-годишна возраст почина познатиот актер Доналд Сатерленд. Актерот починал во четвртокот во Мајами.

Сатерленд е роден во Сент Џон, Канада. Играше во над 100 филмови, меѓу кои Воена теренска болница, Хероите на Кели, Обични луѓе, Не гледај сега, Ден на скакулецот, Зараза, Зад решетки, Италијанската афера.

Татко е на познатиот актер Кифер Сатерленд. Во 2017 година му е доделен Оскар за животно дело.