Почина албанскиот писател Исмаил Кадаре

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Познатиот албански писател Исмаил Кадаре, почина утрово на 88-годишна возраст во Тирана.

Кадаре починал од срцев удар, соопшти болницата во Тирана. Тој бил донесен во болницата без знаци за живот, а лекарите почнале реанимација, но починал во 8:40 часот.

Кадаре е роден на 28 јануари 1936 година во албанскиот град Ѓирокастро.

Исмаил Кадаре беше еден од оние кои ги истражуваше митовите на својата земја, за да ги расече механизмините на „универзалното зло“ – тоталитаризмот. Албанија со години живееше под страгата диктатура на Енвер Хоџа.

„Комунистичкиот пекол, како и секој друг пекол, се гуши. Но, во литературата се трансформира во животна сила, сила која ви помага да преживеете и да ја победите диктатурата“, рече тој во едно интервју за „АП“ во октомври минатата година.

„Литературата ми даде се што имам, тоа беше смислата на мојот живот, ми даде храброст да се спротивставам, среќата, надежта да се надминам“, рече тој од својот дом во Тирана.