Почина Брижит Бардо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Филмската икона Брижит Бардо почина на 91-годишна возраст, соопшти денес Фондацијата Брижит Бардо.

Како што објави ТВ БМФТ, актерката која ги имаше најпрепознатливите иницијали во историјата на киното – позната и како „ББ“, која ја отелотвори женската еманципација и сексуалната слобода во француското кино од 1950-тите до 1970-тите, пред да стане пионер во борбата против суровоста кон животните – почина.

Таа имаше 91 година.

Бардо го имаше своето деби на 18-годишна возраст, а ја напушти филмската индустрија пред речиси педесет години и оттогаш целата своја енергија ја посвети на правата на животните. Во октомври оваа година, таа помина три недели во болница во Тулон, каде што беше оперирана.

Иако француските медиуми во тоа време објавија дека таа е во болница поради сериозна операција, нејзиниот портпарол го негираше тоа.