Почина диригентот и композитор Александар Џамбазов

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов.

Веста за неговата смрт ја потврди неговиот син Игор Џамбазов на својот инстаграм-профил.

„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој“, напиша Игор.

Неодамна, во своето последно интервју, за ТВ21 говореше за миговите кога се случил страшниот потрес.

Тогаш посочи дека е вистинско чудо што Игор останал жив, кој тогаш имал само 11 дена.

Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор.

Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.

Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на над педесетина награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

Редакцијата на ТВ21 изразува сочувство до семејството.