Легендарниот германски фудбалер и еден од најдобрите играчи на сите времиња, Франц Бекенбауер почина на 78-годишна возраст.
Легендата на Германија боледуваше од Алцјахмер, а пред неколку дена ситуацијата се влошила.
Бекенбауер како играч во 1974 година го освои Мундијалот со репрезентацијата на Германија, а потоа и како селектор во 1990 година.
Фудбалерот ја мина речиси целата своја кариера во тимот на Баерн Минхен. Кратко играше и во Хамбургер и во Њујорк Космос. Беше и тренер на Баерн Минхен во сезоната 1993/1994, како и во 1996, а селектор беше од 1984 до 1990 каде што се повлече после титулата на Мундијалот во Италија.
За германската репрезентација (Западна Германија) има одиграно 103 натпревари.
