Почина Георги Константиновски, архитектот на Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Архивот на Град Скопје, Пелинце…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 90-годишна возраст почина Георги Констатиновски, архитект познат по многу градби во земјава. Константиновски починал на 8. декември, а веста за неговата смрт а објавена дури денеска.

Дел од неговите дела се: Архивот на град Скопје, студентскиот дом „Гоце Делчев“, Архивот во Охрид, Архивот во Штип, Спомен домот на Разловечкото Востание, Пелинце…

„Неговиот лик и дело ја задолжија македонската архитектура, оставајќи наследство кое има локално, регионално и меѓународно значење. Се повеќе неговите дела предизвикуваат внимание кај оние кои го истражуваат периодот на бруталистичката архитектура. Архивот на град Скопје, студентскиот дом „Гоце Делчев“, Архивот во Охрид, Архивот во Штип, Спомен домот на Разловечкото Востание, Пелинце, Домот на печат во Приштина и многу други објекти остануваат да сведочат за неговото дело и за зрелата мисла на македонската архитектура, своевремено. “, објави македонскиот специјализиран сајт за архитектура МАРХ.

Роден е 1930 година во Крагуевац, дипломирал на Техничкиот факултет во Скопје на одделот за архитектура, а во 1965 станува магистер  на унивезрзитетот Јеил во САД. Бил професор и декан на Факултетот за архитектура во Скопје. Во 2016 година стана и почесен член на МАНУ.