Почина Харалд V, кралот на Норвешка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кралот Харалд V од Норвешка почина на 89-годишна возраст, соопшти Кралската палата. Тој неколку дена бил хоспитализиран во Универзитетската болница во Осло, каде што се лекувал од бактериска инфекција во крвта.

Харалд V беше на чело на норвешката монархија од 1991 година, кога го наследи својот татко, кралот Олаф V. Во текот на повеќе од три децении на тронот, тој се истакна со модерен пристап кон монархијата и со силната поврзаност со норвешките граѓани.

Веста за смртта на кралот доаѓа по неколкудневната загриженост во Норвешка за неговата здравствена состојба.

Во четвртокот, Кралската палата соопшти дека неговата состојба значително се влошила, а неговите најблиски членови на семејството биле покрај него во болницата.

Харалд V е роден на 21 февруари 1937 година и имаше 89 години. По неговата смрт, во фокусот се очекува да биде и процесот на наследување на тронот. Престолонаследникот Хакон е прв во редот за наследување и се очекува да биде негов наследник на тронот.