Почина иранскиот пратеник кој беше заразен од коронавирус, пренесува државна новинска агенција.
Мохамад Али Рамазани Дастак неодамна беше избран во иранскиот парламент, а позитивниот тест за коронавирус пристигнал пред неколку дена, пренесува Независен.
Бројот на заразени од коронавирус во светот се зголемува. Сегашната бројка надминува 85.000, а смртните случаи се скоро 3.000.
Светската здравствена организација го зголеми ризикот од коронавирус на највисоко можно ниво.
