Почина Јосип Манолиќ, најпознатиот хрватски шпион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот претседател на хрватската влада и најпознатиот хрватски шпион, Јосип Манолиќ, почина на 105-годишна возраст, пишува Национал.

Тој беше најдолговечниот хрватски политичар.

Јосип Манолиќ во текот на својот работен век бил правник, политичар, борец во Втората светска војна и разузнавач. Во двете земји, во Југославија, но и во Хрватска.

Манолиќ важеше за контроверзна личност во јавноста, со оглед на тоа дека нему му се обвинуваат активностите во Удба, меѓу кои најмногу се истакнуваат обвинувањата во кои тој е обвинет за смртта на надбискупот Алојзије Степинац.

Од друга страна, тој беше меѓу клучните актери во периодот кога се создаваше хрватската држава.

Роден е на 22 март 1920 година во Калиновац кај Ѓурѓевац. Имал брат и две сестри, а татко му починал кога имал шест години.