Почина легендарниот фудбалер Кевин Кембел

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кевин Кембел, легендарниот напаѓач на Арсенал, кој за лондонскиот тим настапуваше од 1988 до 1995 година, почина на 54-годишна возраст, по кратка битка со тешката болест.

Уште една тажна вест од светот на фудбалот. По трагичната смрт на Матија Шаркиќ, кој почина на 26-годишна возраст, од Островот пристигна уште една шокантна вест.

Кевин Кембел, легендарниот напаѓач на Арсенал и Евертон, почина на 54-годишна возраст, по кратка битка со болеста.

Токму Арсенал се прости од Кембел на социјалните мрежи.

„Со тага и скршено срце слушнавме дека нашиот поранешен напаѓач Кевин Кембел почина по кратко боледување. Кевин беше обожаван од сите во клубот. Сите сме со неговите пријатели и семејството во ова тешко време“, велат од ФК Арсенал

Кембел помина низ младинската академија на Арсенал, а потоа помина седум години во сениорскиот тим на Топџиите. За нив одигра 213 натпревари на кои постигна 59 голови. Потоа се пресели во Нотингем Форест, па во турски Трабзон, за да игра за Евертон уште седум сезони. Крајот на кариерата го помина во Вест Бромвич Албион, а потоа и во Кардиф.

Тој исто така забележа четири настапи за репрезентацијата на Англија до 21 година, како и еден за Б тимот.