Почина легендарниот гитарст Еди ван Хален

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еди Ван Хален, славниот гитарист и коосновач на популарната рок-група Ван Хален, почина од рак, објави неговиот син.

65-годишниот холандско-американскиот музичар се лекуваше од рак на грлото.

„Тој беше најдобриот татко што некогаш можев да го побарам. Секој момент што го споделив со него на и надвор од сцената беше подарок“, напиша неговиот син Волф Ван Хален на Твитер.

Волф Ван Хален, синот на Еди и Валери Бертинели, вели дека неговиот татко починал утрово по „долгата и мачна борба со ракот“.

Еди Ван Хален, чие целосно име беше Едвард Лодевик Ван Хален, и неговиот брат Алекс Ван Хален започнаа да настапуваат заедно во тинејџерските години, но подоцна ја формираа сржта на она што подоцна ќе стане Ван Хален, по запознавањето на Дејвид Ли Рот.

Групата издаде 12 студиски албуми и беше еден од предводниците на американскиот хеви метал во 1980-ите, што беше зацементирано со хитот „Скокај“ (Jump), кој се најде и на првото место на американската топ листа во 1984.

Групата продаде повеќе од 80 милиони албуми во својата кариера.