На 77-годишна возраст почина Ленче Софрониевска, истакнат правник и судија, и една од основоположниците на судскиот систем во независна Македонија.
Најглем дел од својот професионален живот го посвети на правосудствоот и за обезбедување на независност на судската од извршната и законодавната власт.
Софрониевска кариерата во правосудството ја почнува во 1974 година во Општински суд Скопје 2. Била претседател на Судот на здружен труд и член на Претседателството на ЦК на СКМ.
Софрниевска беше советничка во првата Влада на Македонија, а потоа и генерален секретар на Владата. Работеше и како судијка на Апелациониот суд, како и член и претседател на Републичкиот судски совет. Потоа до пензионирањето работеше како адвокат.
