Почина новинарката Гордана Дувњак

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Долгогодишната новинарка и уредничка Гордана Дувњак, почина на 61-годишна возраст по долго боледување.

Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзиниот син, Мартин Дувњак во емотивна порака во која ја опиша како жена борец, врвен професионалец и пример за чесност и посветеност.

Дувњак беше дел од неколку медиуми меѓу кои и Македонската радио телевизија, Нова Македонија, Утрински весник, Макфакс, 1ТВ, а последниот ангажман го имаше во неделникот Фокус.

Погребот на Гордана Дувњак ќе се одржи утре на гробиштата во Бутел. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во 11:00 часот, а погребот ќе започне во 12:00 часот.