Почина пасторот кој тврдел дека Господ е поголем од коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот пастор Џералд Глен, кој не се придржувал на правилата за социјално дистанцирање и понатаму со големи богослужби, почина од коронавирус.

Веста за неговата смрт е потврдена и од неговата евангелистичка црква, која ја основал во 1995 година.

66-годишниот Глен одбивал да ги почитува препораките издадени од официјалните лица, ветувајќи дека „ќе продолжи со богослужбите сѐ додека не биде во затвор или болница“.

„Јас длабоко верувам дека Господ е поголем од овој ужасен вирус“, им кажал Глен на своите следбеници во Ричмонд.