Почина поранешниот министер за култура Благоја Стефановски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Благоја Стефановски – Баге, поранешниот министер за култура, почина денеска на 67-годишна возраст. Стефановски боледувал од друга болест, но бил тестиран позитивен и на Ковид-19, пренесува „СДК.МК“.

Стефановски беше министер за култура во периодот од 2002 до 2006 година, во времето на Владата на Бранко Црвенковски.

Од него се прости и Народниот театар во Битола, каде што Стефановски беше директор од 1975 до 1980 година.

„Денес Народниот театар од Битола го загуби неговиот Благоја Стефановски-Баге. Човекот кој имаше способност своите мечти и визии да ги исполни а со тоа НТБ да го направи еден од водечките театари на овие простори. Затоа, Баге е нераскинлив дел од неговиот идентитет. Овие двајца другари растеа заедно, заедно го пропатуваа половина свет, заедно направија претстави кои ја променија македонската театарска историја, едноставно светот за Баге и НТБ беше премал. Токму затоа денес НТБ не се простува од него туку го става во своето катче на великаните, на столбовите, кои овој наш театар 76години го крепат“, соопшти Народниот театар од Битола.

Денес Народниот театар од Битола го загуби неговиот Благоја Стефановски – Баге. Човекот кој имаше способност своите…

Posted by НУ Народен театар – Битола on Thursday, December 3, 2020