Во Охрид почина поранешниот премиер на Шкотска Алекс Салмонд

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот премиер на Шкотска Алекс Салмонд почина на 69-годишна возраст попладнево во Охрид.

Според информации на ТВ21, му се слошило и починал за време на ручекот.

Според МВР, во СВР Охрид денеска во 15.30 часот било пријавено, а странскиот државјанин починал во хотелот „Инекс Горица“.

Салмонд, кој ја предводеше Шкотската националистичка партија помеѓу 1990 и 2000 година, а потоа повторно помеѓу 2004 и 2014 година, беше истакната фигура во националистичкото движење во земјата.

Вториот пат тој го искористи својот мандат како прв министер за да одржи референдум за независност на Шкотска во 2014 година.

Кампањата „Да Шкотска“ беше поразена и поради тоа тој поднесе оставка.