Почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 54-годишна возраст ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис, а според неофицијалните информации веројатно од срцев удар.

Мазонакис важеше за еден од најпознатите грчки поп пејачи, со над тридецениска кариера, со голем број хитови, над десет албуми и илјадници настапи и концерти низ цела Грција, но и во странство.

Роден во 1972 година во Атина, кариерата ја започна во раните 90-ти, имаше соработувано со голем број познати грчки композитори и текстописци.

Редовно настапуваше во ноќните клубови со жива музика во Атина и Солун, одосно во познатите „бузуки“.

На 20 септември Мазонакис требаше да одржи концерт во Атина за одбележување на неговата 33-годишна кариера.