Почина познатиот театарски, филмски и телевизиски актер Лазе Манасков

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 67-годишна возраст почина познатиот театарски, филмски и телевизиски актер Лазе Манасков, соопшти Драмскиот театар од Скопје, каде што го помина целиот свој работен век.

Манасков е роден на 27 март 1958 година во Скопје, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 1983 година беше член на скопскиот Драмски театар, каде што активно настапуваше до своето пензионирање во 2022 година.

Покрај бројните улоги на театарската сцена, Манасков остави значителен белег и во филмот и телевизијата. Глумеше во филмовите „Големата вода“, „Сенки“, „Исцелител“, „Врба“, „Хомо“ и „Кајмак“, како и во ТВ-сериите „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Преспав“, „Фамилијата Марковски“, „Бистра вода“ и други.

Драмскиот театар најави дека вечерната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ќе се одржи во негова чест.