реклама
Ракометна Федерација на Македонија на својата официјална страница на Фејсбук информира дека ненадејно починал тренерот Андон Бошковски – Доне.
„Со длабока тага и неверување Ве информираме дека ненадејно почина Андон Бошковски – Доне. Сочувство до семејството, нека почива во мир“, пишуваат од таму.
реклама
Андон, важеше за еден од најдобрите ракометни тренери во нашата држава, но и голем пријател, другар и поддржувач на македонскиот ракомет.
реклама