Почина ранетиот севернокорејски војник заробен од Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Севернокорејски војник заробен од украинските сили починал од раните, соопшти денеска јужнокорејската разузнавачка агенција.

„Потврдено е, преку сојузничката разузнавачка агенција, дека севернокорејски војник бил фатен жив на 26 декември, но им подлегнал на повредите“, се вели во соопштението на разузнавачката агенција.

Украинските сили заробиле ранет севернокорејски војник кој се борел на страната на Русија, соопшти претходно денеска јужнокорејската разузнавачка служба.

Тоа беше првиот познат случај на заробен Севернокореец откако Киев и Западот објавија дека Пјонгјанг испраќа војници во Русија.

Не е соопштено каде е заробен војникот.