Почина Тале Герамитчиоски, универзитетски професор и доктор на науки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил објави дека починал поранешниот заменик министер за образование и пратеник Тале Герамитчиоски.

Герамитчиоски беше универзитетски професор и доктор на науки.

„Засекогаш не’ напушти Тале Герамитчиоски, заменик-министер за образование 2002-2006 и пратеник 2006-2008, истакнат член на СДСМ и посветен работник во науката. Сочувство до неговото семејство. Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него“, напиша Шекеринска..