Вејн Озмонд, пејачот и гитарист, и еден од основачите на групата „Озмондс“, почина на 73-годишна возраст од мозочен удар во болницата во Солт Лејк Сити, јавува АП.
„Озмондс“ беа популарни во 70-тите години од минатиот век со хитовите како One Bad Apple, Yo-Yo, Down by the lazy river.
Вејн Озмондс беше четврто од деветте деца на семејството. Кариерата на браќата и сестрите почна во 1950 кога Вејн, Алан, Мерил и Џеј пееја како квартет. Нивната популарност порасна во 60-тите откако беа поддржани од пејачот Енди Вилијамс и го достигнаа својот врв во 70тите со помалиот брат Дони Озмонд како голема ѕвезда.
Популарноста на Озмондс опадна до средината на 70-тите, по што Дони и Мари Озмонд имаа успешни соло кариери, а неколку пати настапија како дуо брат-сестра. Потоа Вејн се пресели во кантри музиакта со Ален, Мерил и Џеј.
