Почна дводневниот Самит на НАТО во Анкара, Сиљановска-Давкова ја предводи делегацијата на Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Анкара започна дводневниот Самит на НАТО, на кој учествуваат лидерите на 32-те земји членки на Алијансата.

Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, ја предводи државната делегација, во чиј состав се и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Утре таа ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, а ќе оствари и билатерални средби.

Самитот собира значајни светски лидери, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп, како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.