Почна ли наставниот процес во Визбегово? Директорот вели ќе почнат денеска, градоначалникот вели следната недела

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сè уште не се знае дали официјално започна наставата во новото училиште во Визбегово. Неколку вработени ни рекоа дека наставата не почнала ни денеска и покрај најавите на директорот. Но друго лице кое ни се претстави како наставни во оваа училиште ни рече дека денеска одржувал настава.

Во телефонски разговор со еден родител, ни кажа дека неговото дете денеска било на училиште и дека имало само 2 часа.

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, ни рече дека огласот за вработување сè уште е во тек и дека утре ќе се избираат кадрите од Комисијата. Тој додаде дека наставата без пречки ќе почне од следната недела.

Неколку пати во текот на денот се обидовме да стапиме во контакт со директорот на новото училиште во Визбегово, Кадри Елези, но не добивме одговор во врска со наставниот процес во училиштето кое тој го води, а во оваа училиште наставниот процес доцни веќе еден месец.