Во Анкара започна 36-от самит на НАТО, чиј домаќин е Турција, на кој учествуваат лидери на сите земји-членки на Алијансата, десетици поканети државници, околу стотина министри, високи дипломати и претставници на меѓународни организации.
Првиот ден од самитот јасно ја покажа насоката во која се движи Алијансата – масовни инвестиции во нови воени капацитети, способности и модерно оружје. Инвестицискиот и индустриски форум на НАТО веќе зборува за десетици милијарди инвестиции.
Земјите-членки се стремат да ги исполнат обврските и ветувањата дадени минатата година во Хаг, иако во овој момент прашањето за финансиската одржливост и долгорочната имплементација на овие планови во наредните години останува отворено. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги нарекува овие реформски чекори и иднината на Алијансата „НАТО 3.0“.
Овој самит привлекува огромно внимание од светските медиуми и се фокусира на две од најважните глобални прашања: Украина и Блискиот Исток. И двете теми се директно поврзани со одбранбените капацитети и идните стратешки инвестиции на Алијансата.
Се очекува на самитот да учествуваат тројца клучни лидери, со посебно внимание: претседателот на САД Доналд Трамп, потоа првиот човек на Украина Володомир Зеленски, и претседател на Сирија Башар ал-Асад.
Самитот е домаќин и на голем индустриски форум на кој учествуваа десетици делегации и министри за одбрана, со цел да презентираат конкретни планови и проекти што нивните земји ќе ги спроведат во наредниот период.
