Почна расправата за реформи во администрацијата – Алити: Ќе се отежнат партиските вработувања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Партиски вработувања најмногу има во предизборниот период и тоа во администрацијата во образование, здравство и општините, изјави министерот за информатичко општество, Адмирим Алити.

„Фокусот на новата стратегија е да се спроведе суштинска реформа во јавната администрација со цел да се деполитизира, да стане попрофесионална, потранспарентна, а во делот на вработувањето да има систем на заслуги, односно за работа секогаш да биде избран најдобриот кандидат“, вели Адмирим Алити.

Но, како ќе се регулира прашањето за департизација на државните институции? Алити очекува преку Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници да се воспостават механизми и инструменти преку кои ќе се отежнат или оневозможат партиските вработувања.

Инаку, во тек е и процесот за реорганизација на администрацијата во три пилот министерства, односно во МИОА, Министерството за економија и за земјоделство.

Денеска почна јавната расправа за новата стратегија за реформа во јавната администрација 2023/2030, на која учествуваат експерти од СИГМА, РЕСПА и Министерството за информатичко општество и администрација.