Модуларната болница која работи во рамки на Клиничката болница во Битола од денеска е отворена за сместување на пациенти со Ковид-19.
Модуларната болница е со капацитет од 170 кревети, опремена и подготвена за лекување на хоспитализирани лица на кои им е неопходна медицинска помош и пред се кислород за справување со опасниот вирус.
Во моментов во Клиничката болница-Битола од Ковид-19 се лекуваат 123 лица од овој град и регионот, а во текот на ноќта починаа пет пациенти, од кои четири од Битола и еден од Ресен.
