Почна судењето за убиството во Кратово: Одбраната на Илијевска вели била принудена да дејствува во самоодбрана

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска во Основниот суд Куманово започна судењето на Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово во јуни оваа година. Обвинителството бара осуда по член 123 од Кривичниот законик, додека одбраната тврди дека обвинетата дејствувала во нужна одбрана поради долгогодишно семејно насилство.

Обвинението тврди дека Илијевска по вербална расправија и физички напад од сопругот, кој бил во алкохолизирана состојба, со нож ги убила и сопругот Јован и свекорот Стојан. Одбраната, пак, наведува дека обвинетата била жртва на физичко и психичко малтретирање, најмногу од сопругот, и дека била принудена да дејствува во самоодбрана.

Сведочењата на денешното рочиште потврдија дел од наводите на одбраната. Мајката на Јован и свекрвата на Вангелица, Славица Илијевска, изјави дека не била сведок на убиствата, но ја негираше тврдењето дека Јован малтретирал Вангелица. Соседот Панче Атанасовски, пак, сведочеше дека бил повикан да помогне по инцидентот, при што забележал двајцата мажи мртви и Вангелица во шок, која му објаснила дека се борела со нив.

На следното рочиште, на 18 декември, ќе се разгледуваат дополнителни доказите, вештачењата и ќе се сослушуваат стручни лица. Одбраната ги оспорува психијатриското вештачење и ДНК анализата, истакнувајќи дека има повеќе од 75 доказни материјали кои ќе ги презентираат.