Почна теренската вакцинација – жителите ги пречекаа вакцините, апелираат сите да се вакцинираат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Почна вакцинацијата низ селата на Македонија. Сега сите жители кои сакаат да се вакцинираат можат да се обратат во пунктовите за вакцинација во селата без термин. Од 7 часот наутро следните 15 дена екипа од 2 лекари и 3 медицински сестри ќе дават вакцини.

ТВ21 беше во кичевските села каде жителите се вакцинираа со Астра Зенека или Синовак, во зависност од нивната возраст. Имаше голема заинтересираност и жителите со трпение чекаа ред за вакцинација.

„Откако ја примив вакцината ништо не ми беше, се беше нормално како  кај другите вакцини. Не чувствував ништо. Апелирам сите да се вакцинираат, масовно, подобро сега отколкуЖ да биде предоцна“, вели жител.

„Не, се е нормално, се е во ред, немав никаква болка. Не мислев воопшто, од првиот ден кога беа откриени вакцините бев за вакцинација. Апелирам до народот, како СЗО, сите да примаат вакцини бидејќи е за заштита од овој вирус кој е таен непријател“, посочи жител.

„Не, немам“, додаде жител.

Директорот на здравствен дом – Кичево, Џабир Бајрами, рече дека е планирано до почетокот на есента да се вакцинира целото население на Кичево.

„До сега сме задоволни, има масивна излезност, сите кои гравитираат по овие села со заинтересираност ги чекаат вакцините и досега имаме позитивен фидбек. Ова ќе продолжи додека да се вакцинираат сите наши граѓани, јас неколку пати имам кажано дека до почетокот на есента планираме да ги вакцинираме сите граѓани на Кичево“, посочи Џабир Бајрами.

И министерот Филипче, рече дека екипите ќе одат насекаде низ Македонија.

Лекарите апелираат да се вакцинираат сите што поскоро со цел да можеме да го поминеме новиот бран, без последици, кој се најавува со делта сојот. Од денеска и низ пунктовите за вакцинација во болниците можете да се вакцинирате без термин.