Почнаа да ги вадат деловите од урнатиот авион во Индонезија, во тек е операција за вадење на црните кутии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Индонезиските власти го лоцираа местото на несреќата на патничкиот авион Боинг 737, а спасувачите ги пронајдоа багажот и деловите од телата на патниците.

Денеска беше извадена едната турбина од моторите на авионот.

Според изјавите на властите, црните кутии се пронајдени, и во текот на денот се очекува нивно вадење од дното на морето.

Црните кутии треба да ја покажат вистинската причина за несреќата во која имало 62 патници и членови на екипажот.

Авионот на компанијата „Сирвиџаја ер“ полетал од Џакарта кон Калимантан, но само четири минути по полетувањето се урнал во морето. Забележан е голем пад за само 30 секунди.