Разговорите помеѓу коалициските партнери за реконструкција на Владата почнаа.
Според информациите, премиерот Мицкоски прво ќе има средба со партнерите од ВЛЕН, во текот на денешниот ден, а утре со претставници на ЗНАМ. За тоа како се одвиваат разговорите, за кои ресори и имиња се разговара, не се соопштуваат детали.
Од владата велат дека, со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, во овој момент не би соопштувале детали. Додаваат дека штом бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија, јавноста ќе биде навремено и целосно информирана.
Инаку, Мицкоски на роденденот на партијата пред два дена, порача дека внимателно ги следи состојбите во институциите и дека не е задоволен од појавите кај дел од функционерите кои се оддалечуваат од принципите врз кои е формирана Владата.
Да се инсертира со инсерти зграда на влада од надвор и владина седница од внатре со широки кадри!!!
