Почнува масовно производство на соларни автомобили на три тркала (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ


„Аптера моторс“ се подготвува за првото масовно производство на соларен автомобил до крајот на годината.

Автомобилот ќе се продава на мало за 25.900 долари, што ќе го прави достапен во однос на другите возила на пазарот со соларна енергија.

Постојат пречки пред автомобилот да се појави на пазарот.

„Вашингтон пост“ извешува дека дистрибуцијата не може да почне додека не поминат тестовите за безбедност.

Автомобилот се смета за ултраеродинамичен кој ќе се движи на три тркала.

Ќе биде покриен со 34 квадратни метри соларни ќелии, кои дневно може да обезбедат возење од 40 километри со „ведро“ небо.