Почнува со работа „Мој термин“, граѓаните од септември ќе може да вршат интервенции

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од денеска повторно во функција електронскиот систем „Мој термин“, преку кој граѓаните ќе можат да закажуваат лекарски прегледи и интервенции кои ќе важат од 1 септември. Термините ќе се закажуваат од страна на лекари специјалисти и субспецијалисти, а ќе биде дозволен влез само 15 минути пред закажаниот термин за преглед, а ќе може да влезе само пациентот со уште еден придружник.

-Слушнав дека термините се закажуваат само од специјалисти кои работат во државни болници. Можеби матичните лекари од нивните амбуланти нема да можат да закажуваат термин за на Универзитетската клиника во Скопје. Значи, ќе треба од матичниот лекар да одат кај специјалистот во одредена болница во градот во кој живее пациентот, па потоа од таму да му се издаде упат за на Клинички центар во Скопје.“, вели лекарот Лиридон Диша.

Од Министерството за здравство велат дека во соработка со Управата за електронско здравство ќе бидат повикувани пациентите чии прегледи биле откажани во изминатите 5-6 месеци.

-Закажаните прегледи ќе се спроведуваат согласно претходно подготвениот план и протокол за работа на установата, со задолжително користење лична заштитна опрема од вработениот персонал на сите нивоа на здравствена заштита, почитување на физичка дистанца и негрупирање“, велат од министерството.

Лекарот Диша вели дека враќањето во функција на „Мој термин“ ќе има недостатоци и потешкотии, но дека ова е за доброто на граѓаните. Поради влошувањето на состојбата со Ковид-19, Министерството за здравство донесе одлука за привремено стопирање на системот „Мој термин“.