Подготвен за коалиција со Беса и Огнената група – Гаши: Сметам дека ДУИ треба да оди во опозиција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, вчера во Клик Плус изјави дека треба да соработуваат сите албански партии за ДУИ да оди во опозиција. Според него, ваквата идеја претставува голем чекор. Додаде дека комуницира со сите партии, но сепак другите политички партии треба да одлучат за тоа.

Африм Гаши: Сметам дека ДУИ треба да оди во опозиција. Треба сите да се собереме заедно за да направиме промена.

-Кога велите инклузивно тоа е сеопфатно. Значи со Алијанса за Албанците и ДПА?

Африм Гаши: Треба да бидеме отворени за сите.

Гаши вели дека е подготвен да соработува со албанските партии без никакви услови во интерес на албанскиот народ.

Дали можете да кажете подиректно? Вашата Алтернатива и вие како претседател би соработувале со Беса и Огнената група доколку се отцепи од ДУИ?

А.Г.: Јас зборувам за политичката желба и дејствување, нешто што според нас би било успешно и како би се стигнало до целта за која зборуваме.

-Дали има услови за да се постигне такво нешто?

А.Г.: Нема да има услови!

-Значи безусловна соработка меѓу трите партии?

А.Г.: Да!

Сепак Гаши нема да направи коалиција со некоја партија која е против уставните измени.

 -Дали би направиле коалиција со ВМРО-ДПМНЕ која не го менува Уставот?

А.Г.: Јас како дел од Алтернатива, еден од принципите за кои зборувавме пред малку е да се направи соработка со опозицискиот блок, принципот според кој ќе склучиме коалиција е про европската агенда.

-Значи нема да влезете во коалиција ниту со ВМРО, доколку се против овој принцип?

А.Г.: Да, да!

Гаши меѓу другото зборуваше и за излегувањето на Алтернатива од Влада и влезот на Алијаса за Албанците, при што ја обвини Алијанса дека со нивниот влез во извршната власт оневозможила реализација на ветувањето за монтираните случаи.