Утрешниот ден ќе биде со дожд, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, откако испратија метео аларм дека утре низ целата земја ќе има дожд, а поизразено ќе биде во јужните делови, односно во Валандово, Гевгелија и Демир Капија.
Во јужните делови се очекува да наврнат над 40 литри на метар квадратен за 24 часа. Таму има портокалово предупредување, додека во останатиот дел од земјата има жолто предупредување за дожд.
