Подгответе се за претстојното лето и направете си домашен пилинг за тело од само четири состојки.
Потребни состојки:
- 200 грама шеќер
- 1 лажичка мед
- четири лажички маслиново масло
- половина исцеден лимон
Подготовка:
Во шеќерот ставете лажичка мед, четири лажички маслиново масло и сок од половина исцеден лимон и добро измешајте. Исто така, ако вашата кожа е многу чувствителна, можете шеќерот да го замените со сол, бидејќи зрната сол се многу помали и се помалку груби за кожата.
Ако планирате по пилингот да ја изложувате кожата на сонце, не ставајте сок од лимон во смесата бидејќи тоа може да создаде пигментациски точки на кожата.
